Симе Симовски, Гино Стрезовски, Владимир Глигоров …
Се тројцата кандидати, од кои на следниот состанок на управниот одбор на РФМ ќе се избере селектор на македонската женска репрезентација, кој ќе го замени на нас добро познатиот екс селектор Ристо Магдинчев кој неславно ја заврши својата функција.

Новиот селектор ќе има шанса да работи со нашите млади ракометарки, кои покажаа дека имаат потенцијал и квалитет, шанса со која ќе може да почне одново… бидејќи веќе го допревме дното на македонскиот ракомет, после двата порази од репрезентацијата на Италија.

Кој и да биде одбран, МакРакомет му пожелува среќа и одлични натпревари, преку кои заедно со нашите млади надежи ќе го воздигнат женскиот ракомет, таму кај што му е местото.. на европските и светските првенства.

Накратко за кандидатите:

Владимир Глигоров беше селектор на женската репрезентација од 2008 година кога завршивме на седмото место на ЕП, што воедно тоа ни е најголем успех до сега на европските првенства. Во неговата кратка историја додаваме дека беше и тренер во последните сезони на Кометал ЃП, како и на екипата на Металург од Скопје. Минатата сезона работеше во Косово, каде со машката екипа од Пеќ ја освои двојната круна и титулата со младинската екипа

Гино Стрезовски беше селектор кај жените во 2012 година, тренер кој ја победи Франција во квалификациите, со што обезбеди пласман на ЕП во Србија, кадешто го освоивме последното место. Од неговата кратка историја може да одвоиме дека беше тренер на машките екипи на Вардар, Металург и Пролет.

Симе Симовски кој му беше помошник на Стрезовски во 2012 година, воедно и со најмало искуство, бил тренер на екипите на ЖРК Вардар и ЖРК Металург. Каде со кадетската екипа на Металург, две години по ред е првак на Македонија, а воедно од летово ја превземе втората екипа на Вардар.