Во пресрет на денешниот натпревар на Металург од второто коло во ЛШ, против екипата на Татран Прешов, познат е составот на нашиот вицешампион.
Во екипата се враќа Обрадовиќ, а деби во ЛШ ќе има и Дрогришки. Нов играч во составот е и младиот Матијашиќ, кој го зазема местото на одличниот Марчец, кој за жал ја заврши сезоната по повредата на последниот натпревар, и неговото отсуство ќе претставува вистински хендикеп.

Составите се на двете екипи се следниве

Татран Прешов: Рабек, Сарпатаки, Хуменански, Хрстка, Крок, Садови, Пекар, Бражник, Чип, Песков, Вучко. Јанковиќ, Палеш, Чуприна и Царапкин.

Металург: Арсиќ, Дупјачанец, Петров, Дрогришки, Младеновиќ, Костески, Обрадовиќ, Матијашиќ, Кузмановски, Драгаш, Нелоски, Талески, Велковски, Брајовиќ, Пешевски и Палевски.

Мечот е со почеток во 15:00 часот, со директен пренос на МРТ1.