Вечерва ракометарките на македонскиот ракометен шампион ЖРК Вардар против унгарската екипа Ференцварош ќе ја започнат новата сезона во Лигата на шампионите. Како и лани, така и во новата сезона, на „црвено-црните“ желбите и очекувањата се повторно исти, обид да се стигне до европската титула.
Вардар е во групата Б, заедно со екипите на Астракханочка (Русија), Лајпциг (Германија) и денешиот противник Ференцварош (Унгарија). Нашите ракометарки се фаворит број 1 на хартија во оваа група, но тоа ќе треба потврди. Стратегот на клубот, Индира Кастратовиќ пред мечот истакна дека мора со победа да се отвори новата сезона, но мора и тоа како да се внимава.
„Јас како тренер на Вардар можам да кажам дека сум задоволна како се подготвуваа и работеа моите девојќи. Се надевам дека тоа ќе го пренесат и на натпреварот кој сите со нетрпение го очекувавме. Сепак јас потенцирав на мојата екипа дека тоа чекање и во тој дуел во петок несмемее да изгориме. Минатата година знаете дојде на почетокот исто така унгарска екипа, Ѓер која не порази, се надевам дека нема да биде така и во петок“ – изјави Кастратовиќ.
Натпреварот се игра вечерва од 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.
*Директен преност на МРТ.