По лошиот настап на ЖРК Вардар во првото коло од Лигата на шампионите, челниците на македонскиот ракометен шампион одлучија да ја прекинат соработката со тренерот Индира Кастратовиќ, кој беше на клупата од самиот почеток на овој проект.
Кој ќе ја замени Кастратовиќ на клупата ќе биде познато деновиве, а клубот дополнително ќе објави детали околу идните чекори за ангажирање на тренер. Досегашниот помошник Аце Станковски останува дел од стручниот штаб и во иднина.
Индира Кастратовиќ со екипата 4 пати по ред беше првак на Македонија и трипати го освојуваше Купот на Македонија. Три пати играше на завршниот Ф4 турнир во ЛШ, и го освојуваше третото место.
Ракометарките продолжуваат да се подготвуваат за следните предизвици во ЛШ, а тоа е веќе на 21-ви октомври, која го пречекуваат германскиот Лајпиц во СЦ „Јане Сандански“.