Македонскиот вицепрвак Металург вечерва ја пречекува француската екипа Монпелје, во натпревар од 6-то коло во Лигата на шампионите. Ракометарите на Металург ќе бидат пред тежок испит, на кој имаат можност да покажат дека изминатиот период се работело и дека е постигнат напредок играта, со кој ќе пробаат да го изненадат Монпелје.
Очигледен е напредокот на „плаво-белите“ на последните натпревари, но дали тоа ќе биде доволно да го победат фаворизираниот тим на Монпелје, останува да видиме вечерва. На првиот натпревар на гостински терен, ракометарите на Металург загубија убедливо со 28:18. Натпревар во кој го видовме Металург во две изданија: во првото полувреме сконцентриран, борбен и без многу грешки … додека во второто полувреме спротивното … со многу грешки, без идеја во напад и лоша одбрана. Работи кои на французите им овозможија лесно и убедливо да го добијат овој натпревар.
Свесни се и ракометарите на Монпелје, како и тренерот на францускиот тип дека во Скопје нема да имаат лесна работа.
“Младоста и неискуството на моите играчи ги прават гостинските натпревари да бидат тешки. Четирите натпревари во оваа сезона ги загубивме само со еден гол разлика, што значи дека не сме многу далеку за да ги пребродиме тесните завршници. Сега ни следува гостување во Скопје, а Металург е познат по своите млади и талентирани ракометари и по физичката игра на домашен терен, што дополнително ќе ни ја отежни работата. Првиот натпревар беше лесен за нас, но овој утре ќе биде предизвик за мене и моите млади ракометари. Металург е посебно мотивиран пред своите гледачи, а на минатата средба настап без своите двајца клучни играчи“ – изјави Канаје за официјалниот сајт на Монпелје.
На ред се нашите ракометари да одиграат еден квалитетен натпревар цели 60 минути, цврсто во одбраната и разновидно во нападот, спречувајќи го бековското трио Гребил, Доленец и Кавтичник. Без Нелоски во екипата (поради повреда), во нападот се очекува да проработат Талески, Дрогришки и Обрадовиќ. Ракометари кои се очекува да ги разиграат пикерите и крилата, додавајќи дека редно време е и голманите Арсиќ и Томовски да се разбранат, за да стигнат до позитивен резултат вечерва.
Натпреварот се игра во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток од 18:45 часот.
*Директен пренос на МРТ