Денес ракометарките на ЖРК Вардар гостуваат кај унгарскиот ФТЦ во рамките од 5-то коло од Лигата на шампионите.
Натпревар кој ќе одлучува за конечниот изглед на врвот на табелата во групата Б, каде двете екипи имаат по 7 бодови. Овојпат предводени од новиот тренер Давид Дејвис Камара, ќе се обидат да ја поправат грешката од минатиот месец кога пред своите гледачи во Скопје, ремизираа 27:27.
Во екипата се враќа Барбара Лазовиќ, која ја санираше повредата на окото.
Натпреварот започнува од 15:00 часот, со директен пренос на МРТ.