Денес, македонскиот ракометен вицепрвак Металург му гостува на Елверум, во рамките од 7-то коло во Лигата на шампионите.
Нивниот прв дуел во Скопје, заврши со минимална победа на „плаво-белите“ (18:17). Но, тоа не мора да значи ништо, бидејќи двете екипи се слични по своите квалитети и слабости во играта. По што се очекува еден неизвесен натпревар до самиот крај, во кој ракометарите на Металург ќе се обидат да ја забележат првата гостинска победа, со која би го напуштиле дното на табелата во групата Ц.
Натпреварот започнува во 18:15 часот, со директен пренос на МРТ.