Ракометарите на Металург ја забележаа првата гостинска победа, против екипата на Елверум со 26:31 во рамките од 7-то коло од Лигата на шампионите. Одличен натпревар, во кој „плаво-белите“ покажаа дека можат да одиграат тимски во одбрана и напад, и да се вратат после голем пад во играта.

Одлично го отворија натпреварот, уште по првите 10 минути направија солидна предност од 4-5 погодоци. Играа одлично во одбраната, а нападот одлично го разигруваа триото бекови Велковски, Талески и Кузмановски. По што само се зголемуваше предноста, за да се дојде до најубедлива предност од 5:13 во 20-та минута. За потоа се случи мал пад во играта и со серија од 4:1 на Елверум, се намали предноста и со резултат 9:14 да се замине на полувреме.

Ракометарите на Металург лошо го отворија второто полувреме, дозволија на норвежаните да направат повторно серија од 4:0 и да се доближат на само еден гол разлика(13:14). Тешки беа нозете на „плаво-белите“ во првите 10 минути, но успеаја да го зачуват тоа минимално водство до 45-та минута. Кога повторно блесна истиот Металург кој го гледавме во првото полувреме. Цврсто во одбраната, не дозволувајќи лесно да примат гол и разновидно во нападот, за повторно серија од 3:0 и ново водство од 23-27. Кое потоа само рутинуирано го завршија натпреварот, за конечни 26:31 и голема радост на сите љубители на македонскиот ракомет.

Најефикасни на натпреварот беа Кузмановски со 9, Обрадовиќ со 6 и Велковски со 5 постигнати погодоци. Арсиќ блесна во второто полувреме, по што натпреварот го заврши со 14 одбрани.