Познат е составот на екипата на Металург за денешниот решавачки дуел со шпанска Ла Риоха. Поради повредите на неколку бекови, шанса ќе добие младиот Крстевски, кој ќе треба да помогне во ротацијата со клучните играчи – Талески, Обрадовиќ и Велковски.
Металург ќе настапи со: Арсиќ, Томовски, Дупјачанец, Петров, Дрогришки, Костески, Обрадовиќ, Илиќ, Печенковски, Крстевски, Талески, Велковски, Пешевски, Палевски, Арсеновски и Гуглета.
Мечот е со почеток во 17:30, со директен пренос на МРТ 1.