По неочекуваниот пораз на домашен терен во минатото коло од Лигата на шампионите, од германскиот шампион Рајн Некар Левен, вардарци вечерва му гостуваат на актуелниот европски шампион Киелце.
Натпревар во кој „црвено-црните“ не смејат да загубат, дотолку сакаат календарската година да ја завршат на првото место во својата група. Кеилце секогаш е фаворит против кој и да игра во својата арена, а така ќе биде и денес, без разлика што Вардар супериорно ги надигра на првиот натпревар во Скопје, 40:34.
„Јас очекувам многу интензивен натпревар, зашто Кјелце игра дома и има притисок да победи таму ако сака да биде прво место. Ако, пак, сакаме и ние треба да одиграме како да е финале. Тие имаат поголеми шанси од нас бидејќи играат дома, но никогаш не знаете што е подобро. И ние мислевме дека тука против Рајн-Некар ќе победиме, ама не беше така. А претходно во Германија игравме супер и неколку дена подоцна се беше поинаку. Имавме многу потешкотии со ситуацијата голман како играч во нашата одбрана, затоа трениравме таква ситуација и тоа е тоа. Мора да се знае дека сите екипи имаат многу добри играчи и не е лесно. Никогаш не можете да знаете, сите сакаме да победиме, но ќе видиме“ – изјави Раул Гонзалес за официјалниот сајт на Вардар.
На терените послките портали најавија дека се враќа првиот играч на Киелце, Михал Јурецки по операцијата што ја имаше во септември. Ракометар кој заедно со Агинагалде ќе бидат носители на играта на полјаците, ракометари кои вардарци треба да ги задржат дотолку сакаат да издвојуваат позитивен резултат на гостувањето во Полска.
Ракометарите на Вардар вечерва мора да го дадат својот максимум, да играат, како да е финале во Лигата на шампионите. Клучен фактор ќе биде одбраната, која на последниот натпревар против Рајн Некар Левен потфрли. Но, ништо не е готово, растеретени од фаворитската улога „црвено-црните“ ќе влезат максимално концентрирано во натпреварот и одиграат на едно високо ниво, за да издвојуваат позитивен резултат и израдуваат сите љубители на македонскиот ракомет.
Натпреварот започнува од 18:00 часот, со директен пренос на МРТ.