Селеторот на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар го објави поширокиот список на ракометари за СП во Франција во јануари 2017 година. За некој можеби е изненадување, за некој не … оправдано или не, Червар ги изостави Борко Ристовски и Ацо Јоноски, со што официјално го започна помладувањето на македонската репрезентација.

Искусниот стратег на поширокиот список за претстојното СП во Франција повика дури 11 дебитанти, а го врати и Филип Миркуловски. Кој сеуште нема никаква информација за негово враќање во репрезентацијата, освен тоа што Червар изјави дека зборувал со него и со РФМ, и дека дефинитивно се враќа во составот за престојното првенство.

ГОЛМАНИ

  • Никола Митревски (РК Бенфика – Португалија)
  • Кирил Колев (РК Пелистер)
  • Благојче Трајковски (РК Охрид 2013)
  • Даниел Ѓорѓески (РК Вардар јуниор)

ЛЕВИ КРИЛА

  • Дејан Манасков (Рајн Некар – Германија)
  • Гоце Ојлески (Одорхеи – Романија)
  • Давор Палевски (РК Металург)
  • Бојан Маџовски (РК Пелистер)

ДЕСНИ КРИЛА

  • Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт- Романија)
  • Никола Костески (РК Металург)
  • Мартин Поповски (РК Вардар јуниор)

ПИКЕРИ

  • Никола Маркоски (Орошази – Унгарија)
  • Стојанче Стоилов (РК Вардар)
  • Жарко Пешевски (РК Металург)

БЕКОВИ

  • Велко Маркоски (ППД Загреб – Хрватска)
  • Кирил Лазаров (Барселона – Шпанија)
  • Филип Лазаров (Темишвар – Романија)
  • Филип Талески (РК Металург)
  • Марко Нелоски (РК Металург)
  • Стефан Дрогришки (РК Металург)
  • Ристо Арнаудовски (Ферлах – Австрија)
  • Влатко Митков (Кремс – Австрија)
  • Мартин Манасков (РК Вардар јуниор)
  • Филип Миркуловски (Вецлар – Германија)
  • Ласко Андоновски (РК Тинекс Пролет)
  • Мартин Велковски (РК Металург)
  • Горан Крстевски (РК Металург)
  • Јовица Младеновски (РК Охрид 2013)

Репрезентација на Македонија во периодот од 11-ти до 29-ти јануари 2017 година ќе настапи во групата Ц и ќе игра против Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд, а натпреварите ќе се играат во градот Мец.