ЕХФ на својата официјална веб страница објави видео со Топ 30 најатактривни одбрани во ракометната Лига на шампиони за 2016 година. Видео кое ќе ве остави без здив, со извонредните одбрани на голманите.
Голманите на Вардар (Арпад Штербик) и Металург (Дарко Арсиќ), како и македонскиот интернационалец, Борко Ристовски додека бранеше за Рајн Некар Левен, добија свое место во овој избор.
Штербик и Арсиќ имаат по две одбрани во овој избор. Штербик на 20-то и 11-то, додека Арсиќ на 29-то и 5-то место. Ристовски се најде само еднаш, и тоа на 24-то место.
На првото место е голманот на Рајн Некар Левен, Микел Апелгрен кој ние добро го знаеме, бидејќи ја имаше најблесккавата партија во својата кариера против Вардар, каде неговата брилијантна двојна интервенција заслужено се најде на врвот.
Уживајте!