Македонската младинска репрезентација одигра одличен натпревар, каде убедливо ја совлада репрезентацијата на Полска со 30:22 на стартот од квалификациите за Светското младинско првенство.
Најубавиот момент во првото полувреме дефинитивно е цепелинот во 18-та минута, од страна на Филип Талески, кој од гол на гол му асистираше на Шилегов, а тој успешно го совлада голманот за предност во тој момент од +7 (11-4).
„Одигравме одлично, колективно и се надеваме дека истата игра ќе ја прикажеме и на утрешниот натпревар против Португалија. Ние одигравме феноменална одбрана која си го направи своето и Полјаците едноставно не можеа да се пробијат. Цепелинот не беше мајсторија, туку чиста случајност“ – изјави Шилегов.
Уживајте во мајсторијата: