Македонската младинска репрезентација одигра нерешено со репрезентацијата на Португалија, 21:21 во рамките на вториот натпревар од квалификациите за СП во Алжир.

Нашата репрезентација добро го отвори првото полувреме, поведе со 3:1, благодарение на двете интервенции на Томовски. Се приметуваше грч во играта на нашите ракометари, па по резултат 6:4, португалците направија серија од 5-0 и го свртија резултатот. Нашите ракометари беа деконцетрирани во одбраната, избрзуваа во нападот, а кога ќе стигнеа до чиста позиција, голманот на Португалија ги откажуваше. Блескаше на голот и само во првото полувреме, на своето конто нанижи 10 одбрани. Нашите ракометари продолжија со таа игра, и на полувреме заминаа со резултат 9:14.

Второто полувреме го започнаа одлично, во одбрана одиграа брзо и цврсто и со мини серија и неколкуте одбрани на Даниловски, се доближија на само еден погодок 15:16. Но, португалците се вратија откако набрзина погодија преку Таварес и Фраде, и поведоа со три погодоци (15:18). На голот се врати Мартин Томовски, кој блескаше на голот. Неговите интервенции беа најзаслужни за изедначувањето на резултатот во 50-та минута од натпреварот, 19:19. Одбрани и пенал, а повредениот Крстевски успеа да погоди за водство од 21:20. Португалците промашија, но во контрата Палевски не успеа да реализира за победа. Па казната стигна преку Фернандез, кој во последната минута го изедначи резултатот на 21:21.

Во следниот напад, нашите ракометари повторно избрзаа во нападот, каде Велковски направи пробивања. Но, за среќа во последниот напад на Португалија, Томовски повторно одбрани и донесе реми на нашата репрезентација.

Најефикасен на натпреварот беше Талески со 6 погодоци, додека кај гостите беше Соарес со 5 постигнати погодоци. Херојот на овој натпревар, Мартин Томовски забежа вкупно 11 интервенции.

Последниот натпревар од квалификациите за СП 2017 нашата селекција го игра утре, а за противник ја имаме репрезентацијата на Турција.