Денеска започнува Светското првенство во Франција и ќе трае до 29-ти јануари, а титулата ќе ја брани домашната репрезентација која вечерва од 20:45 часот, ќе го отвори шампионатот против репрезентацијата на Бразил. Главни фаворити за титулата, освен домаќинот се и репрезентациите на Данска, Хрватска, Германија и Шпанија.

Македонската репрезентација е во групата Б, заедно со репрезентациите на Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола, а својот прв натпревар го игра утре против Тунис од 17:45 часот.

Ова се сите групи:

  • Група А: Франција, Полска, Русија, Норвешка, Бразил и Јапонија
  • Група Б: Шпанија, Словенија, МАКЕДОНИЈА, Исланд, Тунис и Ангола
  • Група Ц: Германија, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Чиле и Саудиска Арабија
  • Група Д: Катар, Данска, Шведска, Египет, Бахреин и Аргентина

Во 1/8 финалето ќе се пласираат по 4 репрезентации од секоја група, а ќе се вкрстуваат тимовите од А и Б групите, како и од Ц и Д групите.