Ракометната федерација на Исланд, на својот сајт објави дека најдобриот нивни ракометар Арон Палмарсон нема да настапи на СП во Франција. Палмарсон долго време се мачеше со повреда, но веруваше и надеваше дека ќе може да настапи на овој мундијал.
Но, по вчерашниот тренинг на репрезентацијата на Исланд, станало јасно дека повредата се уште не е санирана, по што нема да се ризикува и ќе се врати во Исланд.
„После анализата на вчера, тренерот на репрезентацијата на Исланд во консултации со докторите и физиотерапевтите, донесе одлука Арон Памарсон да остане во Исланд, бидејќи сеуште не му е санирана повредата“ – гласеше соопштението на ракометната федерација на Исланд
Повредата на Палмарсон е само продолжување на низата повреди со кои се соочува репрезентацијата на Исланд, бидејќи веќе на листата на повредени се ракометарите: Снори Гудјонсон, Александер Петерсон, Роберт Гунарсон и Вигнир Сваварсон.
Нашата репрезентација против Исланд ќе игра на 19-ти Јануари, во рамките на последниот натпревар од групната фаза, кој можеби ќе биде клучен за понатамошниот пласман на СП во Франција.
Извор: hsi.is