Македонската репрезентација со победа над Тунис (34:30) го започна Светското првенство во Франција. Во еден крајно неизвесен натпревар, со пресврт нашите репрезентативци дојдоа до двата посакувани бода во рамките од групната фаза од Мундијалот.
„За мене ова е една навистина слатка победа. Знаеме што ни одзема Тунис во Април. Ова не е одмазда туку повеќе е еден натпреварувачки мотив за нас. Губевме до 45. минута и успеавме да го свртиме резултатот во наша корист. Го сменивме карактерот – да не се пуштаме и кога губиме. Имавме доста проблеми со напад-одбрана, но успеавме и тоа да го решиме. Не ни помисливме да се предадеме. Заигравме поагресивна одбрана, тие добија неколку исклучувања што во минатото ние не знаевме да го искористиме и тука го направивме тој пресеврт“ – истакна Филип Миркуловски.