На третиот натпреварувачки ден на СП во Франција се постигнаа два изненадувачки резултати, се одигра првото поголемо дерби, а домаќинот Франција веќе го отвори и второто коло.
Изненадување на денот се победите на Чиле и Египет над Белорусија односно Катар. Германија беше поуспешна во мечот со Унгарија, каде брилијантна партија имаа Уве Геншајмер со 13 гола и голманот Хајневетер со 14 одбрани.
Во првиот меч од второто коло, Франција лесно дојде до втората победа.
Распоред на натпревари:
Група А (Nantes)
- Франција 31-19 Јапонија (Фабрегас 7 гола, Уегаки 5 гола)
Група Ц (Rouen)
- Белорусија 28-32 Чиле (Кулеш 7, Салинас 8)
- Германија 27-23 Унгарија (Геншајмер 13)
- Хрватска 28-23 Саудиска Арабија (Циндриќ 6, Алсалем 5)
Група Д (Paris)
- Катар 20-22 Египет (Капоте 5, Елахмар 8)
- Шведска 33-16 Бахреин (Толбринг 10, Хабиб Хасан 4)
- Данска 33-22 Аргентина (Хансен 6, Фернандез 6)