Македонија денес паузира на СП во Франција, во исчекување на утрешниот дерби меч против големиот ривал Словенија.

А каков е учинокот на Словенците по првите 2 кола?
За да ви донесеме повеќе информации за настапите на оваа репрезентација, пред понеделничкиот дуел, МакРакомет ви ги издвојува најважните статистички податоци за првите 2 кола. И тимски и индивидуално.

Тимски,
  • Забележани два триумфа, над Ангола и над Исланд
  • Вкупно постигнати 68 голови
  • Во двата дуели Словенија прими идентичен број на голови, 25
  • Највисок процент на реализирани шутеви од сите репрезентации – дури 72%
  • Малку неизнудени грешки – 7 во просек, а само 5 на дуелот со Исланд
Индивидуално гледано,
  • Најдобри стрелци се: Мачковшек 11, Бежјак 10, Јанц и Маргуч со по 9, Кавтичник 7, Цингесар 6, Габер 4, Зарабец 4
  • Вујовиќ веќе направи една измена во составот – за дуелот со Исланд во тимот го внесе Зарабец (кој се покажа и клучен за победата)
  • Најдобар процент на реализација имаат Габер (4/4), Кодрин (2/2), но од првите стрелци тоа се Мачковшек со 92% успешност (11/12 сите од игра), крилото Блаж Јанц со 90% (9/10, сите од игра), Бежјак 83% (10/12) и Миха Зарабец со 80% (4/5)
  • Прв голман е Скок со 36% одбранети удари, меѓу кои и 2 пенала