Македонската репрезентација го претрпе првиот пораз на СП во Франција од репрезентацијата на Словенија, со резултат 29:22.

Огромна загриженост за здравствената состојба на Филип Миркуловски, кој уште на почетокот на натпреварот лошо падна на теренот. По што мораше да го напушти теренот, со помош на Георгиевски и Стоилов. Тој се обиде да продолжи да игра, но брзо повторно седна на клупата, по што станува збор дека повредата не е наива.

„Паднав незгодно на кичмата и се уште чувствувам силна болка. Се надевам дека не е сериозно, но ќе треба да почекаме, најверојатно да мине ноќта, за да видиме за што всушност станува збор и колку е сериозен проблемот. Искрено верувам дека станува збор за нешто полесна повреда, за да можам да настапам на следните средби“ – изјави Миркуловски.

МакРакомет се надевам дека не е сериозна повредата, и дека веќе на следниот натпревар ќе го гледаме на терен!