Ракометарките на ЖРК Вардар имаа можност уште вчера да го запечатат првото место во својата група, но екипата на Будуќност тоа го спречи нанесувајќи им го првиот пораз на домашен терен на „црвено-црните“.

Амандин Лејно повторно имаше одлична партија, со што докажа дека ЖРК Вардар ја има една од најдобрите голманки во Европа. Имаше блескави интервенции, кои не беа доволни за позитивен резултат на „црвено-црните. Но, затоа една од нејзините одбрани повторно се најде како најдобра одбрана за ова коло во Лигата на шампионите.

Најдобрите 5 одбрани за ова коло може да ги погледнете на следниот ЛИНК.