Македонскиот шампион се врати на првата позиција во групата Б, откако во саботата славеше победа нд Целје со 35:30 во рамките од 12-то коло во Лигата на шампионите. Натпревар во кој Алекс Душебаев одигра одлична партија, постигнувајќи 8 погодоци. Со што уште еднаш покажа дека е многу битно парче од сложувалката на Вардар, кое за жал од наредната сезона ќе го немаат „црвено-црните“.

ЕХФ веќе по трет пат го избира во идеалниот тим на колото оваа сезона!
Видеото од најдобрите седум моѓете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Идеалниот тим на колото:
  • Голман: Гонзало Перез де Варгас (Барселона)
  • Лево крило: Гудјон Валур Сигурдсон (Рајн Некар Левен)
  • Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
  • Среден бек: Габор Часар (Кадетен Шафхаузен)
  • Десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)
  • Десно крило: Богдан Радивојевиќ (Флензбург)
  • Пикер: Михаел Кнудсен (Силкеборг)