Во саботата ракометарките на ЖРК Вардар се вратија на победничките патеки, откако убедливо славеа над германскиот шампион Турингер со 36:26. Победа со која „црвено-црните“ го задржаа првото место во групата, благодарејќи на гостинската победа на Будуќност над Ференцварош. По што во 1/4 финалето ќе играат против екипата на Митјиланд, каде ќе се обидат да обезбедат пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта.
На натпреварот белорусинката Дијана Илина постигна феноменален погодок, кој луѓето од ЕХФ го забележаа и сосем заслужено се најде во Топ 5 погодоци на колото во Лигата на шампионите.
Најдобрите погодоци, како и бомбатана Илина може да ги погледнете на следниот ЛИНК.
Фото: www.gol.mk