Ракометарите на Вардар по големата победа во Гемранија над Фленсбург, се на прагот да испишат историја и да се пласираат на Ф4 турнирот во Келн.
На денешниот прес во СЦ „Јане Сандански“, Стојанче Стоилов изјави дека тимот е подготвен за престојниот реванш натпревар, во кој се надева дека нема да разочараат и дека конечно да се пласираат на Ф4 турнирот во Келн, кој веќе четири години го чекаат.
„Не очекува втор натпревар со Фленсбург за пласман на Ф4 во Келн. Имаме позитива од два гола од првиот меч, но тоа не треба да не опушта премногу. Имаме одличен резултат, екипата е подготвена и се надевам дека нема да разочараме. Долго време го чекаме тој Ф4 и мислам дека е сега шанса да се пласираме, пред нашата публика и да се израдуваме заедно со нашата публика. Од нас зависи. Ако одиграме како што знаеме, резултатот не треба да биде доведен во прашање“ – изјави Стоилов