Кире Лазаров со својот Нант издвојуваа важна победа над ППД Загреб (28:27), во рамките од натпреварот во 8-то коло на Лигата на шампионите. Во еден крајно неизвесен натпревар и пеколен финиш, ракометарите на Нант дојдоа до значајна победа.
Пеколен финиш, во кој за само 15 секунди ракометарите постигнаа дури два гола и одбрана со звукот на сирената. Најпрво Вујчиќ го изедначи резултатот на 27:27, за веднаш потоа Клајн од центар да го погоди празниот погодок за 28:27. За крај во последниот напад голманот на Нант, Думулин му одбрани во контрата на Контрец со звукот на сирената.
*Кире Лазаров беше од клучните играчи за оваа победа на Нант, во која забележа 5 погодоци.
Погледнете ја лудата завршница на натпреварот во Нант: