Искусниот бек на македонската репрезентација Ацо Јоноски, се обидува да ја смири еуфоријата пред денешниот натпревар со Црна Гора.
Големата победа над Словенија не треба да не летне во облаци, туку и на вечерашниот натпревар против репрезентацијата на Црна Гора да се повтори добрата игра и издвојува нова победа за пласман во следната рунда.
“Црна Гора е одлична репрезентација со одличен селектор и ракометари кои играат во познати европски клубови. Тоа значи дека мораме да дадеме се од себе, дури и повеќе од она во дуелот против Словенија ако сакаме да оствариме добар резултат. Не би сакал да издвојам поединци, тие се добри како колектив и треба максимално сериозно да го сфатиме натпреварот.” – изјави Јоноски.