Денеска ЕХФ ги делегираше судиите за утрешниот натпревар на нашата репрезентатија против Шпанија. Белоруската двојка Андреј Гуско и Цјархеј Репкин ќе судат на утрешниот натпревар, судии кои ни го судеа натпреварот во групната фаза против Германија во третото коло.

Судии кои солидно си ја обработија својата задача на тој натпревар, како и на натпреварот помеѓу репрезентациите на Чешка и Данска.

Останува нашите ракометари да се концентрираат на својата игра и уште еднаш да ги израдуваат сите љубители на македонскиот ракомет!