Шпанската репрезентација како голем фаворит ќе влезе во утрешниот дуел со Македонија во рамките од првото коло во разигрувањето во Вараждин, но сепак и фаворизираната „фурија“ со посебно внимание гледа на нашата селекција која во досегашниот тек на Европското првенство е најпозитивното изненадување.

“По поразот од Данска, се ставивме во ситуација да немаме право на грешка. Ни преостануваат три финалиња, а првото е со Македонија кое го играме утре. Раул остави трага секаде каде што отиде, така е и сега во Македонија. Неговите тимови имаат сопствен стил и истиот носи навистина позитивни резултати. Резултатите на Македонија во групата се извонредни“ – изјави Рибера за шпанските медиуми и додава дека нападите 7-6 е тактика на која неговите играчи мора да обрнат внимание.

За потоа и открие дел од силните страни на нашата репрезентација на ова Европско првенство.

„Тоа е формула која тие ја користат веќе подолго време и навистина се многу ефективни. Тоа сигурно ќе биде една од опциите кои ќе ги користат против нас. Мора да бидеме подготвени за тоа. Исто така, една од силите на Македонија е тоа што игра преку пивотите, особено преку Стоилов кој е играч кој ги собира и топките и кои се ниско до земјата. Тоа е навистина комплицирано за ривалите, а исто така тука е и Талески кој покрај силниот удар, тактички е навистина многу добар“ – заврши Рибера.