Една од поголемите придобивки за македонскиот машки ракомет од ЕП во Хрватска е „добивањето“ на 4 млади играчи кои ќе треба да ја предводат репрезентацијата во наредните 10 години. Талески, Кузмановски, Велковски и Поповски добија шанса, ја искористија и се позиционираа себе високо во оваа репрезентација.
Со тоа, апокалиптичните одеци во ракометната јавност од тишот „кога ќе се пензионираат Лазаров, Миркуловски, Ристовски ќе доживееме потоп“ реално немаат на тежина.
Точно, ракометен генијалец како Лазаров не се раѓа секој ден (ама па истото го зборувавме и за Пепи Манасков), борбен и креативен плеј како Миркуловски е реткост не само во Македонија, туку и Eвропа, па сепак …
Раул Гонзалес сериозно пристапи кон подмладувањето на репрезентацијата, а тоа и го потенцираше претседателот на РФМ, Мукаетов.
„Сакам да упатам комплименти до стручниот штаб и извонредното воство на стратегот Раул Гонзалес, кој се надевам дека и понатаму ќе остане на нашата клупа. Да се претставуваат боите на оваа наша мала држава рамо до рамо со најдобрите во Европа и во светот, додека истовремено во составот се промовираат четворица млади играчи, стои како потврда за проактивното делување на оваа наша проблематика.“