Денес од 15:30 часот, ракометарките на ЖРК Вардар му гостуваат на незгодниот Мец во рамките од Лигата на шампионите, на патот кон 1/4 финалето кое може уште денес да биде потврдено.

На ЖРК Вардар му треба барем бод денеска против Мец или победа, па веќе ќе нема дилеми на последните два натпревари ќе бидат само формалност и можност за помладите ракометарки да почувствуваат како е да се игра во Лигата на шампионите и да се носи поголема одговорност.

На првиот натпревар во Скопје, Мец загуби со резултат 23:29. Но, последното гостување (минатата година на 5-ти март) сите го паметиме по убедливата победа на Мец над вардарки (42:28). По што денеска е вистински момент ракометарките на ЖРК Вардар да и се одмаздат на екипата на Мец.
Француската екипа е одлична екипа, против која „црвено-црните“ треба да одиграат максимално за да ја продолжат својата победничка серија оваа сезона во Лигата на шампионите.

Натпреварот започнува од 15:00 часот, со директен пренос на МРТ.