Ракометарките на ЖРК Вардар вечерва го заверија местото помеѓу најдобрите 4-ри екипи во Лигата на шампионите, победувајќи го Митјиланд со убедливо 32:25.

Во последниот натпревар пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“ во овој состав, вардарки одиграа еден брилијантен натпревар и со големо достоинство се збогуваа од своите фанови. „Црвено-црните“ уште од самиот старт покажаа дека данскиот преставник нема што да бара во Скопје. Набрзина се одлепија резултатски и на полувреме веќе водеа со 5 погодоци (17:12). По што, во второто полувреме само продолжија со својата игра, достигнувајќи предност дури и до 13 погодоци разлика. За на крај издвојуваат победа од 32:25 и по 5-ти пат се најдат на Ф4 турнирот во Будимпешта.

Најефикасна на натпреварот беше Андреа Лекиќ со 7 постигнати погодоци, додека кај гостите најефикасна беше Кристијансен со 9 постигнати погодоци.

Публиката во СЦ „Јане Сандански“ остана долго време после натпреварот, да ги поздрави ракометарките кои последен пат настапија во овој состав. Кај ракометарките и фановите емоциите беа видливи и не можеа да ги сопрат солзите, разделувајќи се и ставајќи крај на една убава Вардарова приказна, која сите се надеваат ќе заврши со освојување на тутулата во Лигата на шампионите.

Среќно девојки! #СоСрцеЗаВардар