Капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов му правеше друштво на Раул Гонзалес на денешната прес-конференција која ја одржа македонскиот и европски шампион во пресрет на реваншот со Кил.

Стоилов изјави дека ништо не е готово, дека минималната предност од Германија не треба да ги понесе еуфорично играчите.

„Пред нас е еден многу тежок натпревар, Кил е тим од висок калибар, станува збор за еден од најдобрите клубови во историјата на ракометот. Победивме во Германија, но не смее да владеее еуфорија. Мора да мислиме како да е 0:0 и така да ја оствариме нашата цел, а тоа е пласманот на Ф4 турнирот во Келн“ – изјави Столе кој беше запрашан Дали постојат одредени проблеми на релација играчи – управа?

По што одговори:

„Немаме проблеми, но и небитно е дали имаме проблеми. Имаме јасна цел, да се фокусираме на фајнал-форот, тоа е нашата цел. Небитно е дали имаме проблеми или немаме, целта е да се пласираме на фајнал-форот и во случај да имаме проблеми“ – заврши Стоилов.