Во очекување на завршниот турнир во Будимпешта овој викенд, Европската Ракометна Федерација (ЕХФ) направи компилација од најдобрите 15 гола од тековната сезона во Лигата на шампионите (ЛШ).
Во ова одбрано друштво има и еден претставник на Вардар, Драгана Цвијиќ со голот постигнат од „цепелин“ на додавање на Јованка Радичевиќ на натпреварот против Турингер.