Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров одигра одличен натпревар против Иври во Француското првеснтво, кој неговиот Нант го доби со 31:22.
Лазаров беше прв стрелец со 5 постигнати голови, а еден од нив беше добро познатиот двоен цепелин кој често го практикува во својата игра. Овој пат со десното крило Давид Балагуер, за силни аплаузи и овации од навивачите на Нант.
Ова ремек дело на Лазаров се најде на второто место на најтрактивните потези и голови во Француското првенство.
[#Top5]pic.twitter.com/vuvGiC24BI
— Lidl Starligue (@LidlStarligue) May 11, 2018