Ракометарките на ЖРК Вардар синоќа го победија ЖРК Металург со убедливи 49:24 и го освоија домашното првенство, каде без пораз уште еднаш ја потврдија доминацијата во првенството на Македонија. За ЖРК Вардар ова е 6-тиот трофеј во првенството, со што се втора најуспешна екипа во историјата на женскиот ракомет во Македонија.
„Црвено-црните“ и со девет ракометарки, од кои седум домашни и само два интернационалки беа пресилни за ривалот од Автокоманда.
Најефикасни кај ЖРК Вардар беа Теодора Керамичиева со 12, Јован Саздовска и Сара Ристовска со по 11 постигнати погодоци.
Остануваат уште натпреварите од Купот на Македонија, кои ќе се одиграа во сабота во СЦ „Јане Сандански”.