Како и минатата година, така и оваа Битолчани се домаќини на големите завршни натпревар од купот на Македонија, односно Ф4 турнирот.
Денеска на програмата се:
  • РК Вардар – РК Пелистер (16:30 часот)
  • РК Еурофарм Работник – РК Металург (19:15 часот)
Финалната средба е предвидена да се игра в сабота, со почеток во 16.30 часот.
Директен пренос од сите средби ќе врши Телма Телевизија.
Собраните средства од влезниците ќе бидат искористени во хуманитарни цели.