Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес беше скромен во својата изјава, свесен дека него и неговите избраници ги очекува пеколен викенд, шпанецот потенцираше дека освен за Монпелје ништо друго не размислува.
„Немаме притисок и треба да уживаме како што тоа го направивме лани. Не мислам за ништо освен за полуфиналето. Монпелје е опасен противник. Нема да ја откривам тактиката. Треба добро се подготвиме, бидејќи знаеме дека ќе биде тешко, а на крај ќе видиме кој ќе игра во финале. Сега за сега размислувам за Монпелје и само Монпелје“ – изјави Раул Гонзалес.