Македонската репрезентација е пред пласман на уште едно големо натпреварување, Светското првенство во Данска и Германија во јануари следната година.

Но за да го завери учеството треба денеска да го одработи реваншот со Романија. За Стоилов предноста од 8 погодоци која ја имаат македонските репрезентативци не е доволна, бидејќи бараж натпреварите се непредвидливи и не знаеш како ќе ти тргне.

„Осум гола не можеме да кажеме дали се доволно или не. И ние сме се враќале со негатива од седум-осум гола, па сме добивале во Скопје. Бараж натпреварите се непредвидливи, не знаеш како ќе ти тргне, како ќе се мотивираш за натпреварот. Имаме осум разлика, се надевам дека нема тоа да доведе до опуштање и да си имаме проблеми таму. Треба работата да си ја сфатиме сериозно како во Скопје и да ја завршиме докрај“ – изјави Стоилов.

Натпреварот започнува од 17:30 часот, со директен пренос на Телма ТВ.