Германскиот репрезентативец, Кристијан Дисингер (26 години) е нов ракометар на Вардар откако денеска потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“.

Левиот бек пред два дена го раскина договорот со Кил и реши да се пресели во Скопје во редовите на нашиот шампион. Дисингер ќе му биде од голема помош на Вуко Борозан, по повредата на Сергеј Горбок. Но според правилата на ЕХФ, екипите може да го менуваат составот по секои пет натпревари. По што, Дисингер нема да биде во составот на Вардар за дуелот со Киелце во рамките од 5-то коло на Лигата на шампионите.

Првиот натпревар за Дисингер ќе биде на 16-ти октомври во Загреб, кога Вардар му гостува на хрватскиот првак во натпревар од СЕХА лигата, додека пак дебито пред домашната публика ќе го има на 3-ти ноември против Мешков Брест во рамките на 6-то коло во рамките од Лигата на шампионите.

За неговиот квалитет говори следното видео: