Македонскиот репрезентативец, Филип Талески одигра одличен натпревар во редовите на германски Рајн Некар Левен, кој синоќа славеше против Бергишер со 25:30 и ја продолжи трката за титулата во Бундес лигата.
Талески средбата ја заврши со 5 погодоци и беше втор најдобар стрелец во својот тим, веднаш зад Сигурдсон кој постигна 7 погодоци. Тимот на Рајн Некар Левен се мачеше во целиот натпревар да се одлепи од Бергишер, каде противникот одлично се спротиставуваше во целиот натпревар. Но, на крајот не успеа, а ракометарите на Рајн Некар запишаа уште една победа.