Металург после сите турбуленции што му се случуваа периодов, сепак утре ќе отпатува за Шпанија, каде во Логроњо ќе го одигра натпревар од петтото коло на Лигата на шампионите, против силната екипа на Натурхаус ла Риоха.

Mеталург по заминувањето на сите странските ракометари (освен србинот Џукиќ, кој остана во редовите на плаво-белите) ќе патува со македонските ракометари: Митревски, Мисовски, Димовски, Н.Маркоски, Пешевски, Манасков, Ојлески, Георгиевски, Џукиќ, Вугринец, Миркуловски, Мојсовски, Кукоски, Јоноски, В.Маркоски, Талески и Нелоски.

Воедно, најавија дека уште вечерва за Шпанија ќе замине автобус со пеесетина припадници на навивачка група “Пирати“. Кои ќе бидат поддршка на Металург на тешкото гостување во Логроњо.

Натпреварот се игра во недела, со почеток во 17 часот #СамоЕденМеталург