Македонската репрезентација денес од 14:00 часот го игра својот вториот натпревар на Светското првенство во Германија и Данска.
За противник ја има репрезентацијата на Бахреин, која теоретски е аутсајдерот во нашата група. Нашите ракометари влегуваат како голем фаворит против Бахреин и се освен победа ќе биде големо изненадување.
Денешниот натпревар ќе го судат арбитри од Тунис, Исмаил Буалуха и Рамзи Хениси. Тие во првото коло ја делеа правдата на натпреварот меѓу Хрватска и Исланд.