раул гонзалес vs лино червар македонија сп 2019

Македонската репрезентација денеска е пред голем предизвик на Светското првенство во Германија и Данска. За противник ја има репрезентацијата на Хрватска, каде нашите ракометари ја гледаат шансата за уште една победа и пласман во следната фаза на СП.

Овој натпревар исто така е посебен, бидејќи ќе се сретнат поранешниот селектор на нашата репрезентација Лино Червар и сегашниот Раул Гонзалес. Двајца одлични тренери со големо искуство, но сепак различни!

Различни во својот пристап и работа со ракометарите, но исти во тоа што требаше да придонесат двајцата тренери во македонската репрезентација.

Лино Червар го имаше најискусниот состав на македонската репрезентација, со кој не успеа да ги постигне целите на РФМ:

  • Пласман на ОИ
  • Помладување на репрезентацијата

Нема што да му замеруваме за пласманот на ОИ, големата шанса што ја имавме сами ја прокоцкавме. Дали тоа беше еден лош ден на сите или лоша тактика или големата одговорност што ја носеа со себе .. остана РФМ да го реши и да увиди кај беше грешката.

Но, кога станува збор за помладувањето на репрезентацијата, Лино Червар не го реализираше. Тој немаше храброст да ризикува и да ги повика младите ракометари во составот, и доколку викнеше 2-3ца … не им даваше шанса да заиграат или им даваше минимална минутажа на натпреварите. Единствено им даваше повеќе минутажа кога натпреварите веќе беа решени …
Дали Лино Червар дојде во репрезентацијата бидејќи увиде дека тој состав може да стигне до ОИ, па да се накини со уште успех во својата кариераостанува мистерија! Но, неговото кратко престојување на селекторското место и заминувањето после поразот од Чешка, говори многу!

За разлика од Червар, сегашниот тренер на македонската репрезентација Раул Гонзалес го прави спротивното или поточно тоа што требаше пред неколку години да го направи Лино Червар.

Гонзалес покажа како треба една репрезентација да има смена на генерации во својот состав. Покажа дека има храброст и ги повика сите млади, одбраните ракометари вчера дебитираа на Светкото првенство во Германија и Данска. Имаше коментари во стилот „Како може да бидат дебитанти на 26 години?!?“, па еве сакавме да одговориме која е причината за ваквите работи кои ни се случија.

Но што е тука е, подобро сега отколку никогаш!

Останува Раул Гонзалес да ја води оваа репрезентација низ ова првенство и до крај да ја истера оваа смена на генерации, за да направи една силна нова репрезентација!

Среќно вечер! #СоСрцеЗаМакедонија #СП2019