кире лазаров стојанче стоилов сп 2019

Македонската репрезентација го загуби денешниот натпревар против репрезентацијата на Русија на „Президент Купот“ во Келн со резултат 30:28, но дефинитивно голот на натпреварот го имаше нашиот капитен Кире Лазаров.

Лазаров во финишот на натпреварот го изведе најубавиот седмерец на Мундијалот. Добро претпознатлив за нас, но за сите други љубители на ракометот кои за прв пат го видоа седмерецот, ќе го памтат засекогаш!