Македонската репрезенатација со победата над репрезентацијата на Чиле со резултат 32:20 стави крај на својот настап на Светското првенство во Германија и Данска.
Со три победи и четири порази, нашата репрезентација се најде на 15-то место на Мундијалот.
На денешниот натпревар повторно најефикасен играч беше Кире Лазаров со 9 постигнати погодоци, кој во својата изјава искажа задоволство што со победа го заокружуваат својот настап.
„Тешко е сега да се прави анализа, треба да поминат неколку денови и да се дојде до заклучок. Грешките кои беа направени треба да се поправат. Ние бевме една од најмладите селекции на мундијалот и тоа е единствеата разлика што можам да ја потенцирам во моментов. Треба добра анализа, против европските селекции бевме во егал со некој повеќе, со некој помалку минути. Ова денеска беше седми меч во 10-11 дена и треба да им се честита на сите момци, особено на постарите кои проведоа многу минути на теренот и ги бранеа боите на Македонија. Не можам да кажам дека сум задоволен, ама не можам да кажам дека сум и разочаран. Ако имаме спортска традиција во ракометот, ако се фатиме со работа верувам дека во оваа селекција лежи голем потенцијал. Постојат и други млади дечки и за одредено време може да се направи респектабилна репреентација која ќе биде рамо до рамо со најдобрите во Европа и светот.“ – изјави Кире.