Денеска кадетите и јуниорите ги добија своите противници за ЕХФ шампионатите во 2020 година.
Првите ќе играат на турнирот кој од 17 до 23 август ќе се одржи во Скопје, бидејќи сме домаќини на тој шампионат. Македонија имаше привилегија да одбере во која група ќе настапи на М18 ЕХФ Шампионатот, ја одбра групата А во која ќе се сретнат против репрезентациите на Полска, Естонија и Грција.
Победникот на шампионатот обезбедува директен пласман на ЕХФ ЕУРО М18 и ЕХФ ЕУРО М20 во 2020 година.
Кога се во прашање јуниорите тие во Летонија ќе играат во групата Б заедно со Белорусија, Луксембург, Бугарија и Косово. На другата страна пак се Романија, Турција, Грузија, Латвија, Велика Британија и Белгија. Овој настан е на програмата од 3 до 12 јули наредната година.