Даинис Криштопанс РК Вардар

Даинис Криштопанс ќе биде подготвен за брзо враќање на терените откако беше утврдено дека повредата заработена на синоќешниот дуел со Војводина не е од посериозен карактер.

На самиот почеток на натпреварот се повреди Даинис Криштопанс кој го свитка зглобот на ногата, па во Вардар стравуваа дека станува збор за посериозна повреда. Имено, станува збор за вообичаена спортска повреда – виткање на зглоб при доскок, а олеснителна околност е што нема посериозно истегнување на лигаментите или некаква скршеница.

Криштопанс ќе мирува овие денови, за да биде спремен за саботниот натпревар против Киелце во рамките на Лигата на шампионите.

Фото: Екипа.мк