Македонската репрезентација вечерва ќе го одигра првиот контролен натпревар противк репрезентацијата на Словенија, во пресрет на Европското првенство во Шведска, Австрија и Норвешка.
По победата и поразот од Кувајт и двете победи на Трофеј Карпати против Алжир и Романија, вечерва избраниците на Данило Брестовац силите ќе ги одмерат против Словенија.
Средбата почнува во 19:00 часот, а домаќинот информира дека ќе може во живо да се следи низ преносот на официјалната страница на Фејсбук на Словенечката ракометна федерација.