Македонските ракометари утре го играат последниот натпревар од првата фаза на ЕП во Полска. По несреќните два порази од Полска и од Франција, нашите ракометари утре ја имаат последната шанса за продолжување на натпреваритеод втората фаза.
Српскиот ракометар, нам добро познатиот Илија Абутовиќ со своја изјава пред утрешниот натпревар:
,, Не сакавме ниту ние, ниту Македонија да решаваме во последниот натпревар. Натпреварот ќе биде тежок и за Македонија и за Србија. Можеби се потрошивме многу во првиот натпревар против Полска. Сите карти ги фрливме во дуелот со Полска бидејќи сакавме да направиме изненадување. Можеби ни фалеше малку среќа и бистра глава во вториот натпревар па затоа имавме доста слабо издание.Против Франција игравме во грч и тоа се одрази на конечниот резултат. Игравме доста лошо и во напад и во одбрана, а резултатот е доста реален. Македонската репрезентација е искусна бидејќи доста време игра заедно. На последните неколку првенства речиси сите ракометари играа заедно и имаат некој континуитет. Мислам дека најголемата опасност доаѓа од Кирил Лазаров и Столе Стоилов. Очекувам дека натпреварот ќе биде доста тежок за двете репрезентации.“- истакна Абутовиќ.