Пикерот на ЖРК Вардар, Ања Алтхаус денешниот натпревар ќе и врати спомени од оние 5 години кога настапуваше во екипата на Виборг (2007-2012). Што значи како и на Јан Питлик, така и на Алтахус нема да се чувствуваат многу како гости, бидејќи и на двајцата им е добро позната територијата во Данска.

„За мене ова ќе биде посебен натпревар, затоа што пет години играв во Данска, па ќе можам да се видам со некои стари пријатели. Меѓутоа не треба да биде важно каде играме, или против кого играме, важно е да се фокусираме на нас, на она што го прикажавме на последниот наш натпревар. Мислам дека со победата на Митјиланд направивме чекор во вистинската насока и сега мора да продолжиме. Тоа е најважно“ – изјави Алтхаус за официјалниот сајт на ЖРК Вардар.

Натпреварот започнува од 17:00 часот, со директен пренос на МРТ.